Дванаесет лица во општините од источниот регион не го почитувале полицискиот час, од кои девет биле приведени, а три лица се опоменети. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панјотова во соопштение информираше дека поднесени се 13 кривични пријави и три известувања по чл. 206 од Кривичниот законик.
Контролирани се вкупно 109 објекти.На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 24 лица им се издаденирешенија за изолација, а 8 лица потшишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се 134 контроли на лица во излоација и на 64 лица во самоизолација.
Таа додава дека вчера на патот за светиниколското село Кнежје, при преземање службени дејствија од страна на полиски службеник, а поради констатиран прекршок, 30-годишниотХ.С. не ја почитувал наредбата за запирање и со патнички автомобил „венто“, со светиниколски регистарски ознаки, го прегазил полицискиот службеник во ногата и се оддалечил од местото.
Х.С. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Полициски службеници биле нападнати и на местото викано Подлошка крстосница во Кочани. Додека вршеле службени дејствија најпрвин биле навредувани, а потоа и физички нападнати од страна на 27-годишниот М.Н. од Скопје.
М.Н. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот ќе му бидат поднесени соодветни пријави.
-Вчераво 18.45 часот во Одделението за внатрешни работи Виница, шумски полицаец пријавил дека на место викано „Дива топола“при контрола на патничко возило „опел“, без
регистарски ознаки, во кое имало огревно дрво, бил физички нападнат од страна на Ф.И. од Виница. Се работи на комплетирање на случајот и против Ф.И. ќе биде поднесена пријава, се вели во соопштението.
СВР Штип имајќи ја во предвид актуелната пандемија од корона вирусот, апелира да се почитуваат препораките и мерките на Владата, како и полициските службеници кои
вршат засилена деноноќна контрола на граѓаните заради почитување на овие мерки, за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.