среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Тетово шест часовни рестрикции во водоснабдувањето поради нов дефект на новиот водоснабдителен систем

Во Тетово шест часовни рестрикции во водоснабдувањето поради нов дефект на новиот водоснабдителен систем

Јавното комунално претријатие „Тетово“ од ноќеска ќе воведе шест часовни рестрикции во водоснабдувањето во градот. Образложението е дека има повторно дефект на новиот водоснабдителен систем кој носи вода од месноста Лешница.

– Поради сериозен дефект на Ф-500 на линијата -Лешница, водата во градските резервоари драстично се намали за средна вредност од 150 литри во секунда. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, ќе има рестрикција на водата за пиење од 01:00 до 04:00 часот и од 13:00 до 16:00 часот, информира Љуљзим Шаќири, раководител на „Водовод и канализација“.

Поради недостигот од вода за пиење во градската водоводна мрежа, за ублажување на состојбата ЈКП Тетово ги активира бунарите за дополнително снабдување.