сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

ЖИВОТОТ НИКАКО ДА ДОЈДЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ГОРНА МАТКА: Во 21 век вода пијат од цистерни (ВИДЕО)

ЖИВОТОТ НИКАКО ДА ДОЈДЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ГОРНА МАТКА: Во 21 век вода пијат од цистерни (ВИДЕО)

Животот за жителите на скопска Горна Матка никако да дојде, бидејќи истите со недели наназад немаат вода за пиење.

Иако, пред четири години на жителите на ова населено место им беше ветувано живот, но итиот не само што не дошол, туку во овие пеколни горештини пијат вода од цистерни.

Претходната недела и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Сарај, Мартин Стојановски обвини дека Горна Матка со денови е без вода за пиење.

Населеното место Горна Матка во општина Сарај веќе 3 дена нема воопшто вода за пиење, објави на својата Фејсбук страница неодамна Стојановски.

Во поплаките што стигнаа до мене граѓаните велат дека главната пумпа не работи, а проблемот е секое лето огромен со недостиг на вода а истото се случува и во Долна Матка.

Граѓаните сами обезбедуваат вода од локалните продавници.

Замислете како е на тие граѓани кој во овие пеколни температури немаат вода за пиење и хигиена.

Локалната и градската власт спијат и никој не се заангажирал проблемот да биде решен.
Ова е катастрофа.

Бараме од надлежните да одговорат и веднаш да превземат мерки за обезбедување на вода за населението во Горна Матка, пишуваше тогаш Стојановски во својата објава.