Во рамки на акцијата за пролетно расчистување во општина Кисела Вода денеска околу 50 сезонски работници чистеа во Драчево, Пржино и Црниче.
– Се чистат тревните површини, парковите, тротоарите и улиците кои се во надлежност на локалната самоуправа. Се кастрат и исушените гранки од дрвјата и грмушките, информира општина Кисела Вода.
Пролетното расчистување на општина Кисела Вода ќе се одвива во наредните 15 дена.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.