На повеќе места во земјава времето е нестабилно со пороен дожд и грмежи,во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Нестабилност со појава на пороен дожд и засилен ветер има и во Скопје.
И утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, особено попладне, кога на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температура од 10 до 20 степени.
Во четврток и петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.