Независната кандидатка за градоначалник поддржана, Данела Арсовска вечерва од Чаир истакна дека до Антикорупциската комисија ќе депонира лична изјава со која ќе истакне дека нема да го зголеми својот имот во наредните четири години, а ги повика кандидатите за градоначалници истото да го направат, особено досегашниот градоначалник за кој како што рече има позади себе десетици скандали и обвинувања.
-До Антикорупциската комисија ќе депонирам лична изјава со која ќе истакнам дека нема да го зголемам својот имот во наредните четири години и истото го барам од сите оние кои се кандидираат во овој момент за градоначалници, пред се мислам на досегашниот градоначалник кој зад себе има десетици обвинувања и скандали, повелете поднесете ја изјавата, па да видиме, истакна Арсовска.
Арсовска посочи дека на скопјани им е смачено од нереализирани ветувања и луѓе кои немаат да понудат ништо друго освен лични напади.
-Денес Скопје е град на урбанистички хаос, а Старата скопска чаршија која има потенцијал да биде најпосетуваното место, во моментов има бројни проблеми, во Скопје има места во кои сеуште нема чиста вода за пиење, нема канализација, нема асфалтирани улици, а нашата метропола тоне во ѓубре и нечистотија изминативе четири години, дури и паркот во кој сме е во навистина лоша состојба, а јас не можам да прифатам дека овие луѓе кои до сега го водеа градот се најдоброто решение за скопјани, посочи Арсовска.
Арсовска ја обвини власта дека ниту едно видео кое ќе го направат против нејзе нема да го покрие срамот дека ништо не направија за градот и за скопјани, изминатите четири години.
-Моите решенија се изводливи, а тие се плашат затоа што ќе знам да покажам за три месеци , а не пак за четири години нешто многу подобро од она кое досега го гледавме, истакна Арсовска.