Денеска во Тирана остварив средби со амбасадорот на Италија во Албанија г-дин Фабрицио Буци и Шефот на мисијата на ОБСЕ во Албанија, г-дин Винченцо Дел Монако, информираше градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку својата официјална Фејсбук страница.
Таа напиша дека на средбата размениле идеи и разговарале за нови пристапи за можноста градот Скопје регионално да ја интензивира соработката и тоа преку споделување на најдобри практики за дигитализација и вклучување на претприемачите во процесите.
– Еден од приоритетите на Градот Скопје е креирање квалитетни економски политики кои ќе придонесат за забрзан економски раст на локално ниво, додава Арсовска.