петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Данела Арсовска повторно се скара со вистината, потврдено дека од Усје нема загадување

Данела Арсовска повторно се скара со вистината, потврдено дека од Усје нема загадување

Помпезно закажа вонредна прес конференција, најави кривични пријави, објави дека инспекторите фатиле енормно загадување од Усје – фактите ја демантираа, па ја снема! Зошто Данела Арсовска одлучи лажно да го толкува извештајот на нејзините инспектори?, пишува Лидер.

Оџаците на фабриката Усје не го загадуваат Скопје повеќе од законски регулираното, фабриката не придонесува во зголемувањето на ПМ 10 честиците во главниот град, покажува извештајот кој го објави Државниот инспекторат за животна средина, а кој е изготвен по контрола заедно со инспекторите од Град Скопје.

Доколку го погледнете извештајот ќе видите дека таму се вели дека од Усје не доаѓа закана за аерозагадување на главниот град, туку дека била констатирана неправилност во котелот за греење, поради што имало проблеми внатре во просторијата кај котелот на компанијата но не и во атмосферата на главниот град! Во исто време, од фабриката уредно објаснија дека ова се случило поради тоа што заради економската криза греењето било префрлено од природен гас на мазут.

Тезата на градоначалничката Данела Арсовска не и издржа ниту 24 часа, тврдењата за загадување и кривични пријави и паднаа како кула од карти. Се поставува прашањето зошто градоначалничката влезе во овој обид да ги лаже скопјани од каде им доаѓа загадувањето вршејќи атак врз една компанија која постојано поминува ригорозни контроли, додава Лидер.

Повеќе на Лидер.мк.