понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Дел од Карпош и Гази Баба утре без струја

Дел од Карпош и Гази Баба утре без струја

Жителите од општина Карпош, лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ – зграда бр. 72-а утре ќе останат без електрична енергија.

Без снабдување со струја утре ќе бидат и дел од жителите од улиците „Маџари“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, „Јужноморавски бригади“ и „Фуштанска“, како и околината на ОУ „Крсте Мисирков“ во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.