среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Фестивал на инклузија по втор пат во Кисела Вода

Фестивал на инклузија по втор пат во Кисела Вода

По втор пат се организира Фестивалот на инклузија, на тема „Културни политики за инклузија“. Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост Икуалити, Визија плус и Општина Кисела Вода годинава најавуваат тридневна богата културна програма со работилници, панел дискусии, концерти да го дадат својот глас за лицата со попречености кои во нашата земја се маргинализирани.

Од 7 до 10 Септември во Домот на култура „Билјана Беличанец “ во општината која ги менува нештата во полза на лицата со попреченост –Кисела Вода ќе се спроведе целата планирана програма.

Настанот започнува во четврток 7 Септември во 20 часот со официјално отворање и најавување на програмата како и концерт на миленикот на тин-генерацијата Пајак.

Во петок 08.09.2023 во 10 часот ќе се одржи детската работилница „Што е среќа“ под менторство на Соња Димовска, според програмата истиот ден во 12 часот под менторство на БЦ Балерина ќе се одржи работилница за млади и деца насловена „Учиме балет“. Навечер програмата продолжува со изведба на македонската химна од инклузивен хор на деца со и без попреченост од школи од општина Аеродром и Кисела Вода, потоа концертно музичко уживање со незаменливите Funk Shui, како и проекција на филмови.

На третиот ден од фестивалот во сабота 09.09.2023 во десет часот ќе се одржи работилница на тема „Што е среќа“? Дарко Ѓурчиновски ќе направи спектакуларно магионичарско забавно шоу, ќе се организира инклузивна работилница за најмладите „Цртаме саксиички садиме цвеќенца“.  Ќе се отвори изложбата на цртежи на тема Што е среќа, јавно ќе се дебатира на темата: Колку ресурси се потребни за општината да биде инклузивна? Инклузивното танцово студио Еурека ќе бидат присутни со своја театарска претстава, во последната фестивалска вечер одлична забава ни најавува поп пејачот Ламбе Алабаковски и пријателите.