Град Скопје денеска информираше дека од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година.
Ваквата одлука на Градот предизвика револт кај граѓаните кои „удрија“ со коментари на Фејсбук објавата.
-Ако на некој не му е јасни зборовите патетика и мизерија, погоре имате дефиниција, страшна работа во уште пострашна држава.
-Дали сте нормално? Укинете си ги мандатите како што укинувате мерките (иако се смешни). Не разбирам како не се срамите и плашите од сопствениот народ што монструозно го труете. Изгледа вие од Град Скопје не живеете во Скопје па не знаете што се случува во градот од кој земате плата. Се гледаме на избори драги мои сограѓани.
-Никој да не плаќа автобус на враќање, граѓанска непослушност додека не се одржи протестот во петок , и да дојде контрола објаснете не плаќам не сакам да возам кола да загадувам воздухот.
-Незнам само како не се срамите!!! Да не беше дождов да го подзачисти воздухот ништо од вашите таканаречени мерки! Брука сме држава, дно на дното! Море дното го пробивте веќе! Ѓубралник!
Ова се само дел од коментарите на револтираните граѓани.
-На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината. Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани, соопштија од Град Скопје.