среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Ги решивме сите барања за легализации за кои беше поднесена целосна документација- Кисела Вода се менува, мојот народ го заслужува тоа,

Ѓорѓиевски: Ги решивме сите барања за легализации за кои беше поднесена целосна документација- Кисела Вода се менува, мојот народ го заслужува тоа,
Processed with VSCO with preset

ГИ РЕШИВМЕ СЕ СИТЕ БАРАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИИ ЗА КОИ БЕШЕ ПОДНЕСЕНА ЦЕЛОСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, информира градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Кога ја барав поддршката на граѓаните и кога пред нив излегов со мојата програма, ветив дека за 2️⃣ години ќе бидат решени сите предмети за легализација кои се решливи и не се предмет на судски спорови.
☝️ Иако ветив за две, денес на САМО ЕДНА година од мојот мандат завршени се сите барања за легализација за кои моите сограѓани поднеле целосна документација.
За една година од мојот мандат решивме 2️⃣4️⃣7️⃣4️⃣ легализации кои во наредните три дена на сите подносители ќе им биде до дома доставен решениот предмет.
☝️ Оние пак кои не се решени, се предмети за кои не е доставена комплетна документација и согласно Законот изготвени се заклучоци за прекин за кои граѓаните се навремено информирани.
Со ова, ги завршуваме чистите предмети и апелирам до граѓаните кои сѐ уште не го направиле тоа, до Нова Година да ги достават своите барања до општината за да може да се постапи експресно и позитивно како што беше случај во изминатата година и конечно да се заврши проблемот со дивоградбите, за секој граѓанин да си добие имотен лист за својот дом.
🙏 Тука сакам да се заблагодарам и на општинската администрација која во текот на целата година напорно работеше за сѐ ова денес да биде една успешна приказна и да биде решена една голгота со која моите сограѓани се соочуваа во изминатите години.
🏡 Кисела Вода се менува, мојот народ го заслужува тоа, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.