Садењето дрвја е инвестиција во зелената иднина и чиста животна средина. Како што ветив, подобрувањето на животот на нашите сограѓани во секој сегмент е мисија за која ќе го дадам и последниот атом од мене да ја исполнам, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Тој напиша дека денеска го зазеленија Усје со 1200 аризонски чемпреси на површина од 5000m2, и дека со тоа ја подобруваат естетиката во овој напуштен простор и креираат и природен филтер против загадувањето.
– Аризонскиот чемпрес е дрво кое најдобро одговара на временските услови, а за некоја година ќе бидат вистински бели дробови на овој простор кои ќе штитат од загадување. И ова е само почеток, ќе следат уште многу вакви акции. Кисела Вода ќе стане подобра, поубава, чиста и зелена општина во која ќе биде горд секој нејзин жител, додава градоначалникот Ѓорѓиевски во својата објава.