Приемен ден за преку 50 граѓани одржа денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. И оваа сабота, во просториите на Општина Кисела Вода тие ги изложија проблемите со кои се соочуват и заеднички побараа решение, а беа презентирани и повеќе идеи, забелешки и сугестии кои треба да го подобрат секојдневното живеење.
-Дел од барањата веќе се содржани во програмата и се предвидени во нашите следни чекори, но постојат и проблеми кои се појавиле во меѓувреме и треба итно да се решаваат. Токму затоа, ваквите непосредни средби со граѓаните се многу корисни и овозможуваат побрза реакција од страна на општината. Секогаш сум расположен за комуникација со нашите жители и за сите нивни идеи бидејќи подобрувањето на условите за живот е наша заедничка цел. Оттука, ваквите приемни денови ќе продолжат и ќе бидат пофреквентни, изјави Ѓорѓиевски.
Приемните денови се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.