среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде чиста општина, нашите сограѓани заслужуваат да живеат во таква општина

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе биде чиста општина, нашите сограѓани заслужуваат да живеат во таква општина

Кога имаме чиста општина, имаме и подобро здравје, а Кисела Вода ќе биде токму таква – еколошки чиста во секое маало, секое катче и секое наше место за рекреација, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Нашите сограѓани заслужуваат да живеат во таква општина.

Денес ги вклучуваме сите расположливи капацитети и ресурси во расчистување на општината. Заедно со јавното претпријатие кое е под надлежност на Скопје и има ингеренции над главните сообраќајници, како и нашите сезонски работници се чисти долж булеварот ,,Борис Трајковски” од крстосницата со улицата ,,Народни херои” до Пинтија. Утре, продолжуваме од Пинтија до Драчево.

Продолжуваме секој ден со комплетно менување на ликот и подигнување на хигиената на високо ниво.

Кисела Вода ќе биде чиста општина!, вели преку својата објава Ѓорѓиевски.