сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Ќе најдеме решение заеднички, а Кисела Вода ќе ја изградиме онака како што доликува, општина за сите луѓе

Ѓорѓиевски: Ќе најдеме решение заеднички, а Кисела Вода ќе ја изградиме онака како што доликува, општина за сите луѓе

Од денес Кисела Вода почнува со работа. Од денес, моите сограѓани добиваат свој човек во општината, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакна новиот градоначалник на општината Орце Ѓорѓиевски.

-Како што се обврзав и во кампањата, мојата канцеларија ќе биде отворена секој ден, за секој од вас. Тогаш кога нема да се сретнуваме во општинските простории, ќе се сретнуваме на терен, директно кај изворот на проблемите.

Ќе најдеме решение заеднички, а Кисела Вода ќе ја изградиме онака како што доликува, општина за сите луѓе, општина од 21 век.

Денес, на овој голем празник, го преземав раководењето со општината, а на општинската администрација сакам да ѝ порачам дека јас нема да се реванширам и одмаздувам, времето за партиски реваншизам треба да престане.

Јас сум градоначалник на сите жители на Кисела Вода, но ќе барам од администрацијата кон секој граѓанин да се однесува со почит и уважување.
Основата на работата на општината Кисела Вода ќе биде професионализамот, одговорноста, посветеноста и ефикасноста, транспарентност.

Секако, ревизија на четиригодишното работење на општината ќе има, а онаму каде што имало пропусти ќе се погрижам да бидат расветлени.
Почнуваме, стои во неговиот пост на Фејсбук.