понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Нема да дозволам 100 згради во Расадник, ветувам 70 хектари зеленило и два рекреативни центри

Ѓорѓиевски: Нема да дозволам 100 згради во Расадник, ветувам 70 хектари зеленило и два рекреативни центри

На овие избори со мојот тим настапуваме со сериозна програма со околу 70 проекти, кои се добиени во соработка со граѓаните, знаеме што му недостасува на нашиот народ и ние се обврзуваме да ги реализираме. Граѓаните ќе бидат на прво место и фокусот ќе биде насочен кон нив. Не влегуваме во оваа битка за провизии, туку да ги промениме состојбите во Кисела Вода, изјави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода во дебата на Телма телевизија со останатите кандидати.

Ѓорѓиевски истакна дека еден од фокусот во мандатот ќе му биде зеленилото, но и заштита на Расадник каде вели дека за неговата иднина ќе одлучат граѓаните.

-Потпишав меморандум со здружението од Расадник, иницијативен одбор кој ги обедини сите граѓани и ветувам дека за Расадник ќе одиме со меѓународен конкурс за идејно решение, ќе составиме и тело каде ќе учествуваат и граѓаните и околните населби кои се засегнати и сите општествени чинители и сопствениците на плацевите. Граѓаните ќе одлучат како Расадник ќе изгледа, и тоа е последното парче слободен простор во Кисела Вода, тоа треба да се урбанизира, но не смее да се дозволи да се изградат 100 згради како што предвидуваше Темелковски, потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека покрај тоа ќе има и до 70 хектари зелени површини, бидејќи СДСМ целосно ја запостави Кисела Вода во однос на зеленилото.

-Сето она што го ветувам се обврзува да го реализирам, направена е анализа со домашни и  меѓународни експерти, затоа ветуваме до 70 хектари зелени површини на територија на општина Кисела Вода преку изградба на нови современи паркови и нови рекреативни центри. Предвидуваме 2 рекреативни центри, едниот Света Петка и другиот во Драчево, рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека ќе се стави крај на нерамномерниот развој на општината бидејќи во овој момент некои делови изгледаат како да се во 19 век.