недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Се санира улицата „Јанко Мишиќ” во Драчево

Ѓорѓиевски: Се санира улицата „Јанко Мишиќ” во Драчево

Ја санираме улицата „Јанко Мишиќ” во населбата Драчево

Во наредните 10-тина дена на оваа фреквентна улица лоцирана во јадрото на населбата Драчево ќе се гребе оштетениот асфалт и целосно ќе се замени со нов.

Продолжуваме со градежната офанзива низ улиците во општина Кисела Вода со која се и ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници.

Конкретно, денес сме во центарот на Драчево, на улицата ,,Јанко Мишиќ”, каде започнуваме со активности за целосна замена на оштетениот и дотраен асфалт со нов.
Се работи за потег од околу 700 метри на кои никогаш не е интервенирано, никогаш не е извршена никаква реконструкција, никаква санација, иако оваа улица, поради својата местоположба е една од пофреквентните во населбата.

За десетина дена санацијата на ова место ќе биде завршена, а градежните активности за подобрување на патната инфраструктура интензивно ќе продолжат низ целата општина.

Целосно ќе ги исполнам ветувањата што им ги дадов на моите сограѓани дека ќе ги решиме проблемите стари десетици години и дека Кисела Вода ќе добие нов и подобрен лик!,пишува во својата објава на Фејсбук градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.