Разликата помеѓу ситуацијата во која беше Кисела Вода во 2017 и сега е различна, се стагнира, а се оди и назад во општината. Во 21 век нашите сограѓани немаат фекална канализација, во Расадник нема паргинг место, улиците се со кал. Моите сограѓани немаат основни услови за живот. Секој ден добивам се поголема поддршка и со мој тим ќе ја смениме сликата во општината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода на вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5.
Ѓорѓиевски истакна дека актуелниот градоначалник Филип Темелковски манипулира и ја лаже јавноста.
„Вие мандатот го преспавте. Ако сакате ќе одиме проект по проект функционална поликлиника во Драчево и нова во Расадник, енергетски ефикасна општина…Граѓаните знаете велат кога Темелковски добро вечер ние гледаме низ прозор дали навистина е вечер. Вие доживувавте дебакл“, му рече Ѓорѓиевски на актуелниот градоначалник Темелковски.
Ѓорѓиевски посочи дека гасификација на општината нема, нова градинка нема како и низа на други работи кои беа ветени, а не се реалзирани од актуелниот градоначалник.