петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: 365 дена на страната на пациентите

Ѓорѓиевски: 365 дена на страната на пациентите

365 дена на страната на пациентите! Напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Неопходен е достоинствен третман за дијабетичарите, но и сите останати категории пациенти – ова беше заклучокот на денешната средба во просториите на #ЗЕЛС по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето кој годинава се одбележува под мотото ,,Здравје за сите”. Одлична и конструктивна средба со фокус на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат дијабетичарите, заедно со претседателот на Здружението за дијабетичари, Димче Велев. Заеднички иницираме преку ЗЕЛС конкретни чекори во соработка со општините со цел во рамки на прописите да се излезе во пресрет на пациентите. Првиот чекор за унапредување на здравствената заштита на локално ниво е формирање Комисии за заштита на права на пациенти за да дадеме придонес во унапредување на квалитетот на здравствена заштита кај различни категории пациенти, истакна Ѓорѓиевски

Честититки по повод Светскиот ден на здравјето до сите вработени во здравствениот систем кои несебично секојдневно даваат се од себе и се посветени за грижата кон своите пациенти, додаде Ѓорѓиевски.