вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Ако не го соберевме ние сметот, до денеска Скопје ќе тонеше во ѓубре

Ѓорѓиевски: Ако не го соберевме ние сметот, до денеска Скопје ќе тонеше во ѓубре

Орце Ѓорѓиевски градоначалник на општина Кисела вода во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител вели дека неколку пати алармирале и ја повикува градоначалничката Данела Арсовска да го исчити Скопје од сметот, но била насочена кон ловење на криминалци и бандити, освен во конкретна акција во која што треба да се впиштат, а тоа е како што рече тој чистење на градот.

Градоначалничката свика Кризен штаб после неколкуте повици од наша страна да се излезе и да се исчисти градот, вели Ѓорѓиевски.

На прашањето зошто го фрлиле отпадот пред ЈП Дрисла и дали ќе ја плати казната, Ѓорѓиевски рече дека казната нема да ја плати бидејќи час и половина се иживувале и директорот и вработените од ЈП Дрисла недозволувајќи им да го одложат отпадот во претрпријатието.

Клучниот момент е дека ако ние не излеговме на терен, знак прашалник е дали ѓубрето и денеска ќе беше собрано, смета тој.

Не можам да платам казна која што не е во согласнот со законот односно казна која што е напишана со излегување од надлежностите, бидејќи инспекторите кои што ја имаат пишано казната на општина Кисела Вода излегле од својата надлежност бидејќи истата е напишана на туѓа територија, а тоа е територијата на општина Студеничани, потенцираше Ѓорѓиевски.