петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: По 40 години Пинтија добива фекална канализација

Ѓорѓиевски: По 40 години Пинтија добива фекална канализација

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес го означи стартот на градежните активности во населбата Пинтија за изградба на фекална канализација.

Ова населено место 40 години е без фекална мрежа, а зафатот ќе биде во должина од 1400 метри кои ќе ги задоволат потребите на над 200 домаќинства.

​-Денес е убав ден за жителите од Пинтија. После четири децении лажни ветувања, лажни надежи пред секои избори, започнавме со она што го ветив, а тоа е изградба на фекална канализација и решавање на долгодишниот горлив проблем со кој се соочуваа граѓаните. Се работи за мрежа од 1400 метри која опфаќа над 200 домаќинства и која трајно ќе ја реши долгогодишната голгота и живеењето во супстандардни услови. Оваа фекална канализација привремено ќе биде приклучена во кругот на ОХИС до моментот кога ќе почнеме да ја градиме фекалната канализација за населбите Каменик 1 и 2, бидејќи за приклучување на оваа мрежа ќе треба да се премине преку булеварот ,,Борис Трајковски”. Веднаш откако ќе завршат градежните активности и сите домаќинства ќе бидат приклучени кон главните водови, ќе пристапиме кон санација на улиците со асфалт или бехатон, во зависност од постојната состојба или потреба. Ова е проект кој го ветив пред мојот народ, а денешното отпочнување со работа е доказ дека мојот збор вреди, изјави Ѓорѓиевски.

Посочи дека нема да дозволи ниту еден жител на Кисела Вода да живее во услови кои не доликуваат за едно модерно општество.