четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Владата по лични убедувања, чувства и полтронизам одлучува во кои општини ќе прави капитални инвестиции

Ѓорѓиевски: Владата по лични убедувања, чувства и полтронизам одлучува во кои општини ќе прави капитални инвестиции

Од кога е променета структурата во локалната самоуправа на републичко ниво каде доминантно е мнозинството на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владата по лични убедувања, чувства и полтронизам кон поединци одлучува каде ќе остарува капитални инвестиции, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

„Власта не зема во предвид дали Општина Кисела Вода со 65 илјади или Аеродром со над 85 илјади жители или било која друга општина поголема има потреба за градинка, основно училиште или некој реален проблем со кои се соочуваат граѓаните туку одлучува да инвестира во некоја општина каде подраг на премиерот му е градоначалникот, рече Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски потенцираше дека не може во државата премиерот или кој и да е министер врз основа на симпатии и лични чувства кон поединец да ги распоредува средствата, бидејќи тоа се пари кои ги плаќаат и граѓаните од Кисела Вода во буџетот.

„Останувам доследен на сето она што ми беше предизборно ветување за жешката тема а тоа е ДУП за Расадник каде како што кажав треба граѓаните по нивни вкус и пат на идејно решение да се креира ликот за Расадник“, кажа Ѓорѓиевски.