четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски и Борко Ристовски ја отворија реновираната сала во ООУ „Партенија Зографски“

Градоначалникот Ѓорѓиевски и Борко Ристовски ја отворија реновираната сала во ООУ „Партенија Зографски“

Со заеднички натпревар со учениците и ракометарот Борко Ристовски, ја отворивме реновираната сала во ООУ „Партенија Зографски”. Учениците добија и нови и потпишани дресови, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Во текот на изминатите неколку месеци стариот под беше целосно заменет со нов.

На новиот паркет е извршено обележување на игралишта за одбојка, ракомет и кошарка.

Реконструкцијата вредна преку 2 милиони денари, опфати и варосување на ѕидовите, со што салата доби и подобрен лик.

Со реконструкцијата на спортската училишна сала создадени се сите неопходни услови за подобро одвивање на настава по физичко образование.

Организираните физички активности го јакнат квалитетот на живот на младите генерации и затоа е од голема важност, тие да се одвиваат во современа и здрава средина.

Воедно, ова значи и унапредување на условите за работа за наставниците, што секако дава подобри резултати во наставниот процес.

И токму затоа инвестициите на општина Кисела Вода во подобрување на училишната спортска инфраструктура продолжуваат.

Во моментов, тече и целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња”.

Создавање услови за квалитетен живот и образование на младите секогаш ќе стојат високо на моите приоритети, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.