Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес отвари средба со Претседателот на македонско друштво “Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај.
На состанокот се отворија повеќе теми, пред се за делувањето на ова здружение коe повеќе од една декада работи на унапредување на правата и можностите на Македонците во Албанија, но и за перспективите за заедничка соработка со Општина Кисела Вода.
Беа договорени повеќе активности за промоција на културните вредности, можности за едукација и работни посети.
Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна својата подготвеност да помогне во подобрувањето на малцинските права на Македонците во Република Албанија и истакна дека силно верува дека соработката со македонско друштво “Илинден” од Тирана е успешен чекор кон оваа голема цел.