сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Изложба на уметници од Општина Илинден

Изложба на уметници од Општина Илинден

Во Домот на култура „Илинден” утре со почетокот од 12 часот ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

Ова е трета ваква изложба што се реализира во организација на Општина Илинден, на која се претставуваат уметниците од Општина Илинден“ кои професионално или аматерски се занимаваат со сликарство, вајарство, копаничарство…

За време на ова традиционална изложба што секоја година се одржува во пресрет на Новогодишните и Божикните празници специјална жири комисија ќе избере две најдобри дела, за чии автори како награда следува самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“.