петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Кисела Вода: Концерт на „Триангл Пулс” по повод првиот училишен ден

Кисела Вода: Концерт на „Триангл Пулс” по повод првиот училишен ден

По повод првиот ден од учебната година Општина Кисела Вода ги поканува сите основци и нивните родители и блиски на концерт насловен “Музички волшепства” во изведба на Продукција Триангл Пулс.

Овој иновативен и оригинален музички перформанс има едукативен карактер кој преку игра и песна го доближува до младата публика и ја буди нивната фантазија. Настанот на кој учество ќе земат и ученици од ООУ„Климент Охридски“, ООУ„ Рајко Жинзифов“ и ООУ„Кузман Шапкарев“ е ­ во организација на Општина Кисела Вода. закажан за во петок, 01.09.2023, во 19:00 часот во Паркот на бранители во населбата Драчево.

Продукција ТРИАНГЛ ПУЛС Скопје e составено од профeсионални музичари и соработници. Во период од 10 години од своето постоење има реализирано повеќе од 1700 поединечни проекти наменети за едукација на деца и концерти за сите возрасни категории.

Бидете дел од првиот училишен ден на учениците од основните училишта од општина Кисела Вода!