Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред граѓаните на општина Гази Баба ги повика граѓаните на 17-ти октомври да излезат масовно и да заокружат 82 за Данела Арсовска, додавајќи дека само така скопјани поддржуваат модерно Скопје и резултати кои ќе дојдат брзо и сигурно.
-За град Скопје заокружете го бројот 82 и поддржете ја Данела Арсовска. Така поддржувате модерно Скопје и резултати кои ќе дојдат брзо и сигурно. Жена за градоначалник, професионалец и менаџер на градот. Независна од политиката, човек кој никому не должи и која се нафати успесите на меѓународен план да ги преслика на ниво на град Скопје, повика Мицкоски.