понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Митески: Марин ги лажеше граѓаните, од ветена нова инфраструктура и зелени површини во урбанистичкиот план има само висококатници

Митески: Марин ги лажеше граѓаните, од ветена нова инфраструктура и зелени површини во урбанистичкиот план има само висококатници

Денеска се наоѓаме на локацијата за која на седница на Совет на Аеродром мнозинството предводено од СДСМ донесе нов урбанистички план и наместо нови зелени  површини, одлучи да се градат нови станбени блокови, изјави денеска Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ

Митески кажа дека Златко Марин предизборно ги лажеше граѓаните.

-Марин објави дека ќе гради нова инфраструктура и зелени површини, меѓутоа бројките кажуваат друго. Златко Марин лаже кога вели дека ќе гради нова инфраструктура. Во урбанистички план со површина од околу 6 хектари, единствена нова инфраструктура која е предвидена е за потребите на новите висококатници кои се предвидуваат со урбанистичкиот план, изјави Митески.

Тој кажа дека она што е позагрижувачко е површината за зеленило во рамки на планот.

-Имено, од вкупно 63.000 м2, колку што изнесува планскиот опфат, верувале или не, само 1.354м2 се предвидени за зеленило или во проценти само 2,15% зеленило во рамки на ДУП-от. За каков интерес на граѓаните зборува Марин со само 2% зеленило во ДУП-от. Или можеби за Марин “граѓаните” се припадниците на картелот на власт, кои треба да градат над 90.000м2 нов станбен и деловен простор? Наместо вистински нови зелени простори, содржини за спорт и рекреација, детски игралишта, Златко ги заборави ветувањата од пред избори и брзо се насочи кон уништување на зеленилото и изградба на нови згради. Марин ветуваше нови зелени површини, транспарентност и работење во интерес на граѓаните, сега се што прави е дијаметрално спротивно од ветуваното за време на избори, изјави Митески.