Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски вечерва побара од својот противкандидат Александар Филиповски од СДСМ да покаже трошка доблест, не не ја доби.
Имено, Муцунски побара од Филиповски да се огради од срамната гестикулација на премиерот Зоран Заев, која ја направи како срамен потег на партискиот митинг на СДСМ во Аеродром.
На овој да му кажеш “кај си бе сељачиште недоделкано” ќе се насмее и ќе ти каже ФАЛА pic.twitter.com/qhlhltIlcg
— Bojan (@mordorea) October 5, 2021
-Господине Филиповски, еве оваа дебата е идеална прилика да се оградите од гестикулацијата која премиерот Заев ја направи и ги навреди сите жени. А, вие на тоа се смеевте и аплаудиравте. Утре, тоа може да биде и вашата сопруга, мајка. Оградете се доколку тоа не е ваш став, побара Муцунски.
Филиповски се обиде да смени тема и не се огради од ваквото безобразно однесување на Заев, што значи дека се согласува со него.