вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Новогодишен хуманитарен базар утре во Кисела Вода

Новогодишен хуманитарен базар утре во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги поканува сите свои жители заедно со своите дечиња и внучиња утре да бидат дел од Новогодишниот хуманитарен базар „Новогодишна приказна на децата од Кисела Вода“!

Во сабота, 17.12.2022 година во Домот на култура „Билјана Беличанец“ од 11 до 15 часот!

Предвидена е продажба на новогодишни украси и аранжмани изготвени од децата од јавните детски градинки, од основните училишта и од децата со попреченост, а собраните средства ќе бидат наменети во хумaнитарни цели.

Настанот ќе биде збогатен со музичко-забавна програма и Новогодишна претстава во изведба на вработените од ЈДГ„8 Март”.