среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Кисела Вода додели ваучери за 84 новородени деца

Општина Кисела Вода додели ваучери за 84 новородени деца

84 ваучери за новородените деца од општина Кисела Вода денес додели секретарот на општината, Александар Алексовски.

Се работи за 42 девојчиња и 42 машки дечиња. Еднократната парична помош е во висина од 6000 денари и се доделува на семејствата кои се со адреса на територија на општина Кисела Вода.

Тие заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.