сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Кисела Вода ги пере контејнерите на своја територија

Општина Кисела Вода ги пере контејнерите на своја територија

Од утрово, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода се на терен. Се перат контејнерите на ЈП “Комунална Хигиена” низ целата општина. Се дезинфицира и просторот околу нив, каде беа создадени мини депонии.

Дезинфекцијата која се спроведува од денес е неопходна за да се заштити населението бидејќи наталожениот смет кој неколку дена стоеше расфрлен по улиците, на високите јулски температури, покрај тоа што е голем естетски проблем и произведе неподнослива миризба во главниот град, е потенцијален извор на заразни болести. Токму затоа, приоритет во перењето се дава на позициите кои се во близина на детски градинки, на автобуските постојки, на главните улици, но ќе се опфатат сите месни и урбани заедници.