недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Кисела Вода ја одбележува Европската недела на мобилност

Општина Кисела Вода ја одбележува Европската недела на мобилност

Во рамки на Европската недела на мобилност вчера во паркот „Шопен“ во Кисела Вода се одвиваше настан со еколошки потпис.

-Со поддршка од Општина Кисела Вода и во организација на Здружението на граѓани „Eco Logik“, заедно со Europe house се одржа работилница „Вело родео“, која на креативен  начин ја пренесе годинашната порака на манифестацијата „Движи се рационално, штеди енергија“, информираат од Општина Кисела Вода.

На настанот учествуваа механичари и уметници, кои  им дадоа можност на учесниците да ги поправат или разубават своите велосипеди. Најмладите уживаа во дружењето, унапредувајќи ги своите велосипедски вештини. Промовирањето на велосипедизам во насока на здрав концепт на живеење и заштита на животната средина беше дополнето и со работилница со лего коцки.

-Општина Кисела Вода ќе продолжи со поддршка и промоција на вакви и слични настани кои ги мотивираат граѓаните да применуваат современи еколошки практики со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина, велат од Општината.