Општина Кисела Вода денеска одбележа 63 години од постоењето.
На новороденчињата им беа доделени ваучери во вредност од 6.000 денари, а најталентираните ученици од основните училишта добија награди за постигнатиот успех на полето на науката, спортот, културата и уметноста.
Беше одржана и свечена седница на Советот на општината на која градоначалникот Филип Темелковски посочи дека огромна е листата на проекти кои и се потребни на општината.
– Пред околу осум месеци, граѓаните ни ја дадоа својата доверба да раководиме со нивните потреби, да ги креираме приоритетите и на тој начин да создадеме урбана и современа општина по мерка на сите нејзини жители. Огромна е листата на проектите што му се потребни на овој дел од градот, на она што е реална потреба на овој реон. И со задоволство можам да истакнам дека уште од првиот ден се зафативме со енергична, одлучна, планска и посветена работа, според Програмата што ви ја понудивме со поддршка од централната власт и Град Скопје. Веќе се отпочнати и реализирани бројни проекти од сите области – од комуналната инфраструктура, урбанизмот, образованието, културата, спортот, рече Темелковски.
Беа доделени и награди и плакети на најдобрите наставници, воспитувачки, општествено одговорни компании и спортски друштва