петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Поради увидот за загинатиот пешак – блокиран соообраќајот од Мавровка кон влада

Поради увидот за загинатиот пешак – блокиран соообраќајот од Мавровка кон влада

Полицијата го регулира сообраќајот на големата раскрсница кај Мавровка.

Поради увидот кој се врши на булеварот Гоце Делчев пред мостот, сообраќајот е сопрен на целиот правец од Мавровка во правец на влада.

Возилата се пренасочуваат кон Центар, Веро Џамбо и кон едносмерната улица пред Рамстормол. Во моментот има поголеми колони автомобили во центарот на Скопје.

Во несреќата беше прегазен пешак кој почина на лице место.

-Денес во 11,25 часот било пријавено дека на бул.“Гоце Делчев“ патничко моторно возило “бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.