Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје, проф. д-р Ратко Дуев, денес потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Согласно договореното, преку различни модели на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање, ќе бидат реализирани различни активности кои се од интерес и бенефит за двете страни.
Организирање и реализација практична работа на студентите, научни и студентски конференции, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини, како и обуки за вработените во Општина Кисела Вода согласно спецификите и потребите се само дел од содржината на денес потпишаниот документ.
Градоначалникот Ѓорѓиевски и деканот Дуев на средбата истакнаа дека заемната размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес ќе има значаен бенефит и дека на тој начин се дефинира и трасира добрата деловна клима помеѓу двете институции.