сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Приемен ден во општина Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средби со преку 30 граѓани

Приемен ден во општина Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средби со преку 30 граѓани

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес одржува приемен ден за преку 30 жители на општина Кисела Вода. Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе лица за решавање на нивните проблеми, а и да се слушнат сите забелешки, сугестии и идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, средбата се одржува саботно, кога граѓаните имаат повеќе слободно време.

– Градоначалникот Ѓорѓиевски, директно со жителите разговара околу можните решенија за проблемите што ги засегаат. Се дискутира и околу проектите кои се зацртани во неговата програма, а значат директен одговор на нивните барања и потреби. Ваквите непосредни средби со жителите во нивната Општина, се корисни и за нив и за Општината, поради можноста за изворно информирање за проблемите, а со тоа и побрза реакција и решавање на истите. Приемните денови кои секојдневно се одвиваат ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата, информираат од кабинетот на градоначалникот.