Голем дел од професорите од средното уметничко училиште ,,Лазар Личеноски“ Скопје реагираат на одлуката на в.д. директорот Филип Фидановски да го затвори училиштето.
-ВД директорот самоволно реши да го затвори за настава со физичко присуство училиштето. Нашето училиште има добиено дозвола за работа од страна на Комисијата за заразни болести. Исто и музичкото училиште. Сметаме дека ВД директорот Филип Фидановски неоправдано и притивзаконски на своја рака донесе таква одлука, велат професорите во дописот до медиумите во кој ја испраќаат и одлуката на директорот.