Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности во Усје, каде во завршна фаза е реконструкцијата на улиците.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, дел од улиците се асфалтираат, а дел се поплочува со павер елементи.
– Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјани, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но за жал нереализирано. Сѐ до денес. Со силно темпо работиме на сите позиции, дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, со модерен лик и поквалитетен живот во оваа некогаш заборавена населба, рече Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека не запираат со овие активности и нагласи дека ќе продолжат да ја развиваат и унапредуваат Кисела Вода.