четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Санкции за превозници без лиценци во Скопје за зголемена безбедност

Санкции за превозници без лиценци во Скопје за зголемена безбедност

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вчера при спроведување на редовна контрола на шлеп служба возила што превезуваат хаварисни и возила во дефект, санкционирале 4 превозници кои без лиценци вршеле дејност односно без лиценци од Град Скопје за вршење на овој вид превоз на територијата на градот.

Градот Скопје продолжува со засилен инспекциски надзор со цел сузбивање на дивите превозници за да овозможи почитување на прописите, a инспекторите неселективно ќе ги санкционираат сите превозници што нема да го почитуваат Законот за јавни патишта.