четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

СЕ ПОВЕЌЕ КЛИНИКИ СТАНУВААТ КОВИД ЦЕНТРИ- се бара место повеќе во Скопје за хоспитализација на пациенти, еве ги последните бројки

СЕ ПОВЕЌЕ КЛИНИКИ СТАНУВААТ КОВИД ЦЕНТРИ- се бара место повеќе во Скопје за хоспитализација на пациенти, еве ги последните бројки

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 23 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 199 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 436 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.