вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Сензорна соба за деца со посебни потреби во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Сензорна соба за деца со посебни потреби во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Во основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба за дечиња со посебни образовни потреби.

– Ротари клуб Скопје – Св. Кирил и Методиј во соработка со Ротари клуб Скопје – Вест и АРС Ламина целосно реновираше просторија, опреми училница – сензорна соба наменета за децата со развојни нарушувања и аутизам вклучени во редовната настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, соопшти денеска општина Кисела Вода.

Во просторијата поставена е нова електрична инсталација,  лед светла кои позитивно ќе влијаат врз сетилата на децата со посебни потреби, а во делот околу осветлувањето поставен е и гипс картон. Оваа училница доби и нови прозорци на кои залепена е украсна фолија. Покрај ова, донирани се меки подлоги за под и лепенки кои ги красат ѕидовите со јунаците од популарните цртани филмови.

Претходно во училиштето  претставници од Лајонс клаб интернешнл  доставија донација од дидактички материјал, разни реквизити и играчки, кои ќе бидат од корист за учениците со пречки во развојот и аутизам.