недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојаноски: Власта го заборави Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го промени

Стојаноски: Власта го заборави Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го промени

Денеска го покриваме централниот дел на општината Ѓорче Петров, населените места Мирче Ацев и Ѓорче Петров, тука исто како и во другите населени места се ветуваше многу, а не се реализира апсолутно ништо. Ниту еден реализиран проект, ниту една конкретна мерка од локалната и централната власт и овие граѓани се чувствуваат дека се напуштени и дека се оставени сами на себе, обвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа мора да се промени бидејќи Ѓорчепетровци тоа го заслужуваат. Ова е централен дел на оваа општина, репрезентативен дел и тука мора многу подобро, тука мора многу повеќе и тука треба системски да се решаваат сите проблеми. ВМРО – ДПМНЕ тоа го може, ВМРО – ДПМНЕ тоа го знае и ние сме различни од нив. Ќе работиме повеќе, побрзо ќе доставуваме решенија, затоа што сакаме и Република Македонија и Ѓорче Петров да бидат поубаво место за живеење, порача тој.