понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ бара Шилегов да го повлече зголемувањето на цената на водата

-Недомаќинското работење не смее да биде на грбот на скопјани. Скопјани не смеат да бидат осиромашувани и да ја плаќаат со свои пари неспособноста на СДСМ и градоначалникот Шилегов. Апелираме на носење на одлука со која е се заштитат интересите на скопјани, заклучи Попова.
ВМРО-ДПМНЕ бара Шилегов да го повлече зголемувањето на цената на водата

Денес како предлог на дневен ред предложен од градоначалникот Шилегов до Советот на Град Скопје е точка поскапување на цената на водата на жителите на градот Скопје. Се предвидува етапно цената на водата во Скопје да поскапи за цели 35% што по поскапување на цената на нафтата ќе преставува нов ценовен шок за граѓаните. Значи со овој предлог Скопјани наместо 12 ќе плаќаат 16 сметки за вода годишно, обвини Ирена Попова, советничка на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако плаќале домаќинствата 1.000 денари месечно по поскапувањето ќе треба да плаќаат 1.350 денари.

-Скопјани ќе треба да го плаќаат луксузирањето на СДСМ и Шилегов, додека градот Скопје се соочува со неефикасност, неработа и најзалудно потрошените први 100 дена од работата на било кој претходен градоначалник на Скопје, без ниту еден отпочнат капитален проект. Како резултат на притисокот од јавноста, и неоправданоста на одлуката која сакаа на мала врата да се помине, владата излезе со препорака во однос на одлуката за покачување на цената на водата што е уште еден доказ дека покачувањето на цената е реалност наспроти несмасните обиди за правдање на градоначалникот Шилегов и Градот Скопје, рече Попова.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ се против покачување на цената на водата и бараат до предлагачот да ја повлече точката од дневен ред.