Со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за Расадник на скопската Општина Кисела Вода предвидената површина за домување е 943.771 метри квадратни, што е спротивно од Генералниот урбанистички план (ГУП), каде стои дека површината за домување треба да е 260.000 метри квадратни.
Ова го покажува анализата направена од стручни лица, архитекти, урбанисти и правници, пријатели и припадници на иницијативата „За Расадник на можности“, кои новиот Детален урбанистички план за Расадник го сметаат за штетен и мегаломански, кој неколкукратно ги надминува сите параметри на хумано живеење, односно има надминување на параметрите од ГУП-от за 683.771 метри квадратни, пишува СДК.
Просторот на Расадник сега е празен и неизграден, а е на едвај 2 километри од строгиот центар на Скопје. Според спорниот ДУП, засега од нацртаните 100 згради во Расадник избришани се маркички само за три, а на пет е намалена катноста. Од Општината велат дека трите згради се избришани бидејќи се наоѓаат во заштитена зона односно на траса на далекувод, а останатите згради остануваат со катност од 6 до 13 ката и треба да донесат уште над 8.000 жители.
Во анализата на Иницијативата се вели дека согласно параметрите од ГУП-от за Ј14 Расадник, максимален дозволен број жители е 8,000 жители, додека со ДУП-от согласно стандардите за метри квадратни по жител се предвидени 29.039 жители, што е надминување на параметрите од ГУП-от за 21.039 жители. Просечниот број на семејства е 2.222, додека со ДУП-от согласно стандардите се предвидени 8.066 семејства.
целиот текст прочитајте го на СДК