Нанесен е првиот слој асфалт на улицата ,,Наум Охридски”, како дел од реконструктивните зафати кои ќе го решат долгогодишниот проблем на жителите од Црниче.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности кои покрај асфалтирањето по цела должина на улицата, предвидуваат и реконструкција на атмосферската канализација и нов тротоар и осветлување.
-Започна асфалтирањето на првиот слој на ул. ,,Наум Охридски” во Црниче. Проектот го финишираме со целосна реконструкција на атмосферската канализација на улицата, која до сега правеше сериозни проблеми на жителите кои живеат по улицата. Планирана е и реконструкција на тротоарите, затворање на дупките кои се отвораа токму поради атмосферските води, како и осветлување на улицата, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.