сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жителите на Кисела Вода од денеска можат да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Жителите на Кисела Вода од денеска можат да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денес, па во наредните 15 дена жителите на општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 01 април 2022 година до денес, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³).

 

Заедно со останатата потребна документација, треба да се достави доказ- потврда, испратница или официјален документ кој го потврдува купувањето на дрва за огрев.

Исплатата ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен, се до исцрпување на средствата, обезбедени од Буџетот на општината во висина од 1.200.000,00 денари.

Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/2-uncategorised/3453-2022-10-19-08-36-05