Рок групата Аеросмит откажа неколку концерти во Лас Вегас бидејќи пејачот Стивен Тајлер (74) се пријави на лекување од наркотици.
Пејачот повеќе од една деценија не користел наркотици, но им се вратил по земањето лекови против болки поради операција на стапалата.
Самоиницијативно се пријавил на програма за лекување и сега е посветен на здравјето и заздравувањето, се наведува во соопштението на бендот.
Аеросмит требаше да почне серија концерти на 17 јуни. Сите датуми за концертите во јуни и јули се откажани.
Thank you for your understanding and for your support for Steven during this time.
If you purchased your tickets via Ticketmaster, you will be refunded and will receive an email shortly with details, otherwise please contact your point of purchase for information on refunds. pic.twitter.com/1nuUc5Gj1j
— Aerosmith (@Aerosmith) May 24, 2022