среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Аудиција за нови членови на „Поточиња“ од 11 до 14 септември

Аудиција за нови членови на „Поточиња“ од 11 до 14 септември

Со голема радост и задоволство ве известуваме дека од 11 до 14 септември 2023 година во ООУ Блаже Конески кое се наоѓа во населба Аеродром ќе се одржи aудиција за прием на нови членови – учесници на новото издание “Поточиња 2024”. Нашите нови Поточиња треба да се подготват и да отпеат една омилена песна по избор и притоа да донесат широка насмевка.

Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири денови во период од 18:00 до 19:00 часот во ООУ Блаже Конески (нас. Аеродром) додека пак самото пријавување се извршува на лице место. Аудицијата е за деца од 5 до 10 години.

Додека нашите нови Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната Аудиција погледнете го нашиот мал потсетник за тоа како изгледаше нашето последно
јубилејно 20.издание низ слики и видео запис. Дојдете и Вие и бидете дел од најубавата детска музичка приказна.